Газдата на „Пинк“ остро им одговори на Гробари и уште повеќе ги – разбесни (ФОТО)

Паролата на навивачите на Партизан против „Пинк“, водечката телевизија во регионот која промовира огромен шунд и насилство преку реалити програми, силно оддекна не само во Србија туку и пошироко, поради што набрзо дојде одговор од газдата на оваа медиумска куќа, Жељко Митровиќ.

Тој на пораката „Вклучи го мозокот, исклучи го 'Пинк'“, реплицира со „Кога не го сакаш 'Пинк', тогаш губиш“, со што дополнително го навлече гневот врз себе и тоа не само од „Гробари“.

Веднаш по објавата тој беше жестоко нападнат на социјалните мрежи, со закани дека допрва ќе почнат акции за бојкотирање на програмата на оваа телевизија, која е исклучително гледана и во Македонија и тоа најмногу поради ужасните содржини и вредности кои ги презентира и промовира.