Фенербахче се засили со нов центар

Кошаркарскиот гигант Фенербахче потпиша едногодишен договор со Тони Џекири, кој има опција да ја продолжи соработката за уште една година.

Џекири минатата сезона играше за Уникс, а сега го чека нов предизвик во турскиот тим, кој остана без Јан Весели.

„Се надеваме дека соработката ќе биде добра и за клубот и за Џекири. Му посакуваме сè најдобро“, соопштија од Фенербахче.

Фенербахче вчера се заили и со Скоти Вилбекин, кој претходно играше за Макаби Тел Авив.