
Европскиот шампион на колена пред Партизан, Ефес падна во Истанбул
Ефес во моментов не е во добра форма, тоа го искористи тимот на Обрадовиќ кој настапува на високо ниво во Евролигата и дојде до триумф.
Домаќините одлично го почнаа мечот, во текот на првиот период имаа предност и од 23-6, се наговестуваше дебакл на Партизан, но наместо тоа се случи потоп на Ефес. Црно-белите брзо го свртеа мечот, до првото водство дојдоа уште во втората четвртина. Во продолжението беше неизвесно се до првите минути од последниот период, потоа следуваше рапсодија на српскиот тим за на крајот да слави со 97-84.
Најефикасен во составот на Партизан беше Пантер со 19 поени, кај Фенербахче Клајбурн реализираше 22 поени.
Во другите завршени мечеви од Евролигата, Монако со 81-68 ја совлада Виртус Болоња, а Олимпијакос со 74-72 славеше на гостувањето кај Жалгирис.