Евролигата ќе организира два силни подготвителни турнири во Каунас и Валенсија

Евролигата ќе организира два турнири во септември како генерална подготовка за новата сезона во елитното натпреварување, чиј почеток е закажан за 1 октомври.

Првиот турнир ќе се одржи во Каунас, Литванија на 12 и 13 септември, а ќе учествуваат Армани Милано, Панатинаикос, Анадолу Ефес и Жалгирис Каунас.

Потоа следи турнир во Валенсија, Шпанија, каде што ќе учествуваат Баерн Минхен, Олимпијакос, АСВЕЛ и Валенсија.

„Знаеме колку им недостига Евролигата на фановите и можам да ве уверам сите дека и фановите ни недостигаа на нас. Турнејата ‘Се вративме’ ќе им даде можност на кошаркарите и останатите членови на екипите да се подготват за натпреварите во октомври“, кажа првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу.