Евролигата го објави конечниот список на учесници за идната сезона

Евролигата денеска го објави официјалниот список на учесници за следната сезона, а на истиот се наоѓа францускиот вицешампион Париз кој ќе ја замени Валенсија.

Во елитното кошаркарско натпреварување следната сезона ќе се натпреваруваат и српските гиганти Партизан и Црвена Звезда.

На списокот се наоѓаат уште и Алба Берлин, Анадолу Ефес, Монако, Басконија, Милано, Барселона, Баерн Минхен, Фенербахче, Асвел, Макаби Тел Авив, Олимпијакос, Панатинаикос, Виртус Болоња, Жалгирис и Реал Мадрид.