Евролигата ги продолжи лиценците со 13 екипи до 2040 година

Вкупно 13 клубови кои се акционери во Евролигата ги продолжија договорите со елитното натпреварување во кое ќе се натпреваруваат најмалку до крајот на сезоната 2039/40

Договорот меѓу страните е постигнат две години пред да заврши актуелниот, а тоа значи дека нема ништо да се менува во Евролигата.

Екипи кои се акционери во натпреварувањето се Анадолу Ефес, Басконија, Барселона, Фенербахче, Макаби Тел Авив, Армани, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид, Асвел, Баерн Минхен, Жалгирис и ЦСКА.

За останатите клубови за следната сезона ќе биде одржан состанок следната недела, а веќе беше испратена покана до Црвена Звезда и Партизан.