Евролига го прифати клубот од Дубаи, тренер ќе биде Пешиќ
Сепак, тоа не значи дека новоформираниот клуб ќе заигра директно во Евролигата, туку во првата сезона ќе настапува во Еврокупот. Клубот почнува од нула, ќе биде формиран наскоро, се уште нема играчи, а тренер ќе биде славниот српски стручњак Светислав Пешиќ. Од 13. клубови акционери во Евролигата, само Макаби и Олимпијакос биле против влезот на Дубаи, девет гласале ЗА, а два биле воздржани.
Првичните шпекулации беа дека Дубаи ќе влжи пет милиони евра годишно, односно 25 во следните пет сезони, но вака излегува дека договорот е подолг, на седум години, а со тоа поголема е и сумата. Постои и ветување дека сопствениците ќе донесат нови спонзори во Евролигата.
Дефинирано е и тоа дека Дубаи ќе игра во АБА лигата идната сезона, а се ќе се компензира со пари кои ќе ги добијат акционерите во регионалното натпреварување.