Ертел ја предаде Франција и потпиша за руски Зенит

Томас Ертел беше еден од најдобрите француски кошаркари на Евробаскетот и ја предводеше својата репрезентација до сребрениот медал. 

Искусниот 33-годишен бек само неколку денови по завршувањето на турнирот реши да ја продолжи кариерата во рускиот клуб Зенит. Со овој потег тој практично ја заврши кариерата во репрезентацијата, бидејќи го прекрши договорот со Француската кошаркарска федерација. 

Сите репрезентативци пред почетокот на Евробаскетот мораа да потпишат договор со федерацијата дека нема да играат за клуб од Русија или Белорусија. Ертел очигледно нема намера во иднина да го носи дресот на Франција па потпиша едногодишен договор со клубот од Санкт Петербург со можност за продолжување на уште една сезона. 

Ертел во својата кариера играе за Реал Мадрид, Барселона, Анадолу Ефес, Басконија и француските клубови По Ортез, Асвел и Стразбур.