Ефес славеше со тројка во последната секунда (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Евролигата, Анадолу Ефес славеше со 82-81 против Панатинаикос во рамки на 22.коло.

 Херој на турскиот тим беше Адриен Моерман, кој постигна тројка на 1,1 секунда до крајот на натпреварот и го постави конечниот резултат. 

Василија Мициќ со 20 поени беше најефикасен кај Ефес, додека херојот Моерман постигна 15. Кај грчкиот состав најмногу се истакна Немања Недовиќ со 20 поени. 

На првиот денешен натпревар Милано славеше со 67-57 на гостувањето кај ЦСКА Москва и ја запиша третата победа по ред.