Ефес ја расплака Барселона сред Каталонија, Ц. Звезда ја продолжи победничката серија

Барселона и Анадолу Ефес одиграа одлично дерби во Евролигата, а победник на крајот беше турскиот гигант кој славеше во Каталонија со 86-82.

Голема борба помеѓу двете екипи се водеше од самиот почеток на натпреварот, а по првата четвртина Ефес имаше водство од 24-19, по што Барселона успеа да ја намали негативата до крајот на првото полувреме на 42-45.

Во второто полувреме повторно во подобро светло се покажа Ефес, кој зголеми на 66-58 пред последната четвртина во која се водеше голема борба, но Каталонците немаа сила за пресврт и на крајот загубија со 82-86.

Останати резултати:

Химки – Зенит 81-83
Баерн – ЦСКА 77-84
Лион – Црвена Звезда 83-80
Валенсија – Олимпијакос 93-91