Драматичен пораз за Хувентуд: Димитријевиќ не успеа да ја запре Фуенлабрада

Хувентуд влезе во лоша серија и го запиша четвртиот пораз во последните пет меча, откако денеска беше поразен од „фенерџијата“ Фуенлабрада во драматичен финиш со 79-81, а македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра солиден натпревар.

Фуенлабрада го презема водството уште на самиот почеток од мечот, а по првата четвртина тоа изнесуваше 19-16, додека на полувреме порасна на дури девет поени (44-35).

Хувентуд се мачеше и во второто полувреме, па во еден момент губеше и со 14 поени разлика (40-54), сепак успеа да го однесе мечот во драматична завршница, каде што успеа да израмни на 79-79, но Фуенлабрада со одличен финиш го грабна триумфот од 81-76.

Димитријевиќ одигра солиден меч и постигна осум поени и седум асистенции, но не беа доволни за триумф.