Димитријевиќ растура, ама Уникс е во криза

Бранителот на титулата во ВТБ лигата, Уникс го доживеа третиот пораз во низа откако вечерва загуби на гостувањето кај Зенит со 87-91.

Со тоа, не само што е доведено во прашање првото, туку и второто место имајќи предвид дека тимот од Санкт Петербург сега има само победа помалку со еден меч заостанување и ако го добие, ќе се израмни на чело на табелата. Со триумф против Енисеј утре, ЦСКА може да избие на чело на табелата, но секако ќе одлучува дербито во последното коло меѓу екипите на Ненад Димитријевиќ и Емил Рајковиќ.

Што се однесува до денешниот натпревар, Димитријевиќ беше убедливо најдобар играч, но тоа не му помогна на Уникс. За 34 минути во игра, македонскиот репрезентативец постигна 24 поени, 9 асистенции и 5 скока за индекс 35, далеку над сите кои настапија на овој меч.