Димитријевиќ помогна за нов триумф на Баерн - една победа го дели од финале!

Баерн Минхен славеше против Бон со 91-69 во вториот меч од полуфиналето во германската Бундеслига, а македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ беше еден од најдобрите во победничкиот тим.

Екипата на Димитријевиќ го реши натпреварот уште во првото полувреме кога поведе со 50-25, по што рутински го заврши дуелот и на крајот оствари голема победа од 91-69.

Македонскиот кошаркар го заврши натпреварот со 13 поени, шест асистенции и два скокови, додека најдобар во победата беше Рејтан-Мејс со 20 поени, два скокови и три асистенции.

Третиот натпревар меѓу Баерн и Бон се игра на 4 јуни, а победникот ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Алба Берлин и Бамберг.

Фото: Facebook/FC Bayern Basketball