Димитријевиќ и Валенсија изборија „мајсторка“ против Басконија

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ не играше многу против Басконија, па со скромни пет поени ѝ помогна на Валенсија да слави со 89-82 против Басконија и така да избори „мајсторка“ во плејофот на АЦБ-лигата.

Басконија имаше предност во текот на цела прва четвртина, која ја доби само со еден поен разлика (21-20), по што Валенсија влезе во одлична серија и нивната предност достигна 10 поени (43-33).

Возбудувањата продолжија и во третата четвртина, но таму Басконија успеа да намали само на пет негатива (55-60), по што Валенсија повторно се врати на +10 (67-57).

Басконија немаше решение за одбраната на Валенсија во последниот период од мечот, па така Димитријевиќ и другарите се изборија за првата победа во четвртфиналето.

Димитријевиќ, освен пет поени, имаше два скока и две асистенции, додека најефикасен беше неговиот колега Риверо со дури 27 поени, еден скок и две асистенции. На спротивната страна најдобар беше Питерс со 18 поени, девет скокови и две асистенции.