Димитријевиќ го напушти Хувентуд и се пресели кај - Барди и Андонова!

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ од денеска е нов член на шпанска Валенсија, која потпиша четиригодишен договор со нашиот репрезентативец и го потврди трансферот преку социјалните мрежи.

Димитријевиќ имаше одлични настапи во неговиот претходен тим Хувентуд, каде што беше еден од најдобрите кошаркари, а токму тоа го препорача на шпанскиот гигант.

Репрезентативецот на Македонија сезонава во просек постигнуваше по 10,6 поени, 1,5 скокови и 3,6 асистенции по натпревар во шпанската АЦБ-лига.

Валенсија полека, но сигурно станува колонија за најдобрите македнски спортисти затоа што во фудбалските тимови настапуваат Енис Барди и Наташа Андонова.