Димитријевиќ блескаше со 15 поени, Арис ја запиша третата победа во Еврокупот!

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ имаше солиден настап во победата на Арис над Тортoна со убедливи 88-68 во натпреварот од третото коло во Еврокупот.

Арис доминираше во првата четвртина која ја доби со 31-21, меѓутоа гостинскиот тим заигра многу подобро во следниот период и до паузата намали на 44-45.

Екипата на Димитријевиќ беше одлична во второто полувреме, додека противникот се мачеше во нападот, а на крајот Арис оствари триумф од 88-68.

Димитријевиќ го заврши мечот со 15 поени, четири скокови и четири асистенции, додека најефикасен во победата беше Мет Морган со 23 поени, четири скокови и три асистенции.

По три одиграни меча, Арис е лидер во групата А со три победи, по што следи Хапоел со два триумфи.

Фото: Facebook/ARIS B.C.