Дебакл на Црвена Звезда во Русија, Анадолу Ефес подобар од Барселона

Зенит Петербург запиша убедлив триумф против Црвена Звезда од 98-69 во 16. коло од Евролигата, додека Барселона загуби од Анадолу Ефес со 79-86.

Рускиот тим имаше фуриозен старт на натпреварот и ја доби првата четвртина со 30-12, по што до полувреме Ц. Звезда успеа да намали само на 37-48. Во второто полувреме продолжи доминацијата на Зенит, кој на крајот славеше со 98-69.

Најдобар во победничката екипа беше Риверс со 23 постигнати поени, додека кај српскиот тим најефикасен беше О’Брајант со 13 поени.

Барселона имаше добра прва четвртина во Турција, која ја доби со 24-18, по што почна нивниот пад и големиот пресврт на Анадолу Ефес (86-79). Најдобар во триумфот беше Ларкин кај турскиот тим со 23 поени, додека Миротиќ кај Барселона постигна 18 поени.