ЦСКА Москва договори еден од најдобрите кошаркари на Басконија

„Еурохупс“ објави дека ЦСКА Москва договорила еден од најдобрите кошаркари на Басконија, Торнике Шенгелија, кој му помогна на својот состав да ја освои титулата во АЦБ-лигата и тоа против Барселона.

Шенгелија во финалето постигна 14 поени, а подобар од него беше само Лука Вилдоза на теренот, па без сомневање се очекуваше голем трансфер за него.

ЦСКА се согласи да плати отштета за кошаркарот, зашто тој во 2018 година ја продолжи соработката со шампионот на Шпанија.