Црвена звезда не издржа до крај: По две продолженија Алба Берлин го освои Белград

Кошаркарите на Црвена звезда загубија на домашен терен од екипата на Алба Берлин со 94-85 по две продолженија, во рамки на 20. коло во Евролига.

По израмнетата игра во текот на сите четвртини, тимот од Белград ја загуби концентрацијата во финишот и ги пропушти шутовите за победа на Лазиќ и Штимац, за германскиот тим да стигне до победа, а со тоа и да ги намали шансите за пласман меѓу најдобрите осум.

Пејтон Силва и Лук Сикма имаа по 15 поени за гостите, додека новото засилување на Зведа, Кевин Пантер имаше 24 поени.

Победа оствари и екипата на Олимпијакос, откако грчкиот гигант на свој терен беше подобар од Баерн со 89-72.