Црвена Звезда му одржа кошаркарска лекција на Баерн Минхен

Кошаркарите на Црвена Звезда го одиграа најдобриот меч сезонава во Евролигата, но и во историјата на клубот откако го победија Баерн Минхен со 93-63 во 17. коло од натпреварувањето и така стигнаа до осма победа и шанса за пласман во плејофот.

Во Белград пред 16.824 гледачи Ц. Звезда одигра спектакуларен натпревар, па така постави нов сопствен рекорд во Евролигата, откако претходната нивна најголема победа беше против Макаби Тел Авив со 25 поени разлика (83-58) во декември 2016 година.

На вториот меч кој заврши во Евролигата, Жалгирис Каунас славеше против Макаби Тел Авив со 73-68.