Ц. Звезда загуби од Алба Берлин, ЦСКА Москва со „стотка“ го наполни Ефес

Вечерва беа одиграни неколку натпревари од 14. коло во Евролигата, а убедлив триумф запиша тимот на ЦСКА Москва против Анадолу Ефес од 100-65, додека Црвена Звезда загуби по едно продолжение од Алба Берлин со 84-90.

Рускиот гигант ја доби првата четвртина со 20-13, по што на полувреме замина со убедливи 47-34. Гостите во второто полувреме целосно се загубија на паркетот, а тоа му помогна на домаќинот да го наполни нивниот кош (100-65). Најдобар во победничкито тим беше Клејбрн со 22 постигнати поени, а кај Ефес најефикасен беше Мичиќ со 14 поени.

Црвена Звезда имаше голема шанса за триумф против Алба Берлин, посебно затоа што во финишот на регуларниот дел имаа водство од 76-72, но не успеаа да издржат до крајот, а германскиот тим ги казни по едно продолжение (90-84).

Останати резултати:

Фенербахче – Милано 71-79
Жалгирис – Басконија 92-73