Ц. Звезда до три од три со Ивановиќ, Партизан поразен од Барса!

Половичен учинок остварија регионалните претставници во Евролигата, откако Црвена Звезда дојде до втората по ред евролигашка, а вкупно трета со новиот тренер Душко Ивановиќ, додека Партизан беше немоќен на првото од двете гостувања во Шпанија во два дена.

Црвено-белите како гости по едно продолжение ја совладаа Алба (88-84) и дојдоа до скор 3-6, додека црно-белите беа немоќни кај Барселона (68-79), која беше доминантна во најголемиот дел од мечот. Тимот предводен од Жељко Обрадовиќ сега има учинок 4-4 во најсилното клупско европско натпреварување.

Партизан задутре ќе му гостува на Реал Мадрид, додека Ц. Звезда исто така задутре ќе го пречека Макаби Тел Авив.