
Бура во Партизан: Владејачката партија го менува Мијаиловиќ, Обрадовиќ поднесува оставка!?
На натпреварите на овој тим постојано се слушаат скандирања против државниот врв поради што се најавуваат големи промени во Партизан. Порталот Нова.рс објавува дека партијата СНС планира да го тргне Остоја Мијаиловиќ од претседателската функција во Спортското друштво и покрај тоа што има уште 1,5 година од својот мандат. Тоа ќе го направи преку Предраг Мијатовиќ кој нема формална функција во Фудбалскиот клуб Партизан, но фактички ги влече сите потези таму, а од своето доаѓање во клубот се покажа лојален кон Александар Вучиќ и неговата политика.
На негова иницијатива, дел од клубовите кои се под Спортското друштво ќе покренат иницијатива за смена на Мијаиловиќ, а поради тоа се најавува оставка и на Жељко Обрадовиќ кој е член на Управниот одбор на СД.
Главен кандидат за нов претседател на Спортското друштво е поранешниот југословенски и српски репрезентативец Дејан Томашевиќ, уште еден лојален војник на Вучиќ и член на неговата партија, а во овој состав и пратеник во српското Собрание.