„Бомба“ во Милано: Датоме му се приклучува на Хајнс во Италија?!

Во текот на вчерашниот ден се појавија информации дека Олимпија Милано го ангажирал Кајл Хејнс од ЦСКА, а тие сега би можеле да тргнат и по Луиџи Датоме, кој би можел да се врати во татковината.

Датоме настапува за Фенербахче од 2015 година,меѓутоа на крајот на следната сезона му завршува договорот и постои голема можност да го напушти Истанбул.

Датоме во кариерата настапуваше и во НБА-лигата за Детроит и Бостон, пред да севрати во Европа. Му помогна на Фенербахче да ја освои титулата во Евролигата во 2017 година, како и три трофеи во Турција.