Барселона му одржа лекција на Реал Мадрид во кошаркарското „Ел Класико“

Каталонскиот гигант Барселона ја запиша 12. победа во АЦБ-лигата, но оваа дефинитивно им беше послатка од претходните затоа што до неа стигнаа преку вечниот ривал Реал Мадрид во шпанската престолнина со 85-75.

Барселона имаше водство од 15-10 во првата четвртина, но таа им припадна на „кралевите“ со 24-18 поради нивната одлична серија во завршницата, сепак на полувреме предноста повторно се врати кај гостинскиот тим (42-40).

Гостите од Каталонија играа одлично во второто полувреме, а посебно во последната четвртина кога стигнаа до +12 (68-56). Меѓутоа, Реал покажа дека не треба никој да го отпише и со серија од 10-0 повторно ја врати неизвесноста во натпреварот (66-68).

Барселона не дозволи пресврт од нивниот противник, па со сигурна игра и одлична реализација во нападот стигна до триумф од 85-75. Најефикасен кај Каталонците беше Санли со 17 поени и пет скокови, додека кај Реал најдобар беше Таварес со 12 поени, три скокови и една асистенција.

„Кралевите“ се први на табелата со 32 бода, по што следат Манреса и Барселона со по 24 бодови во АЦБ-лигата.