Барселона го отпушти Гримау, Чави Пасквал пред кам-бек
Такво нешто беше очекувано по катастрофалната сезона за некогашниот европски шампион кој не успеа да освои ниеден трофеј и цела година е во длабока сенка на својот голем ривал Реал. Гримау лани потпиша до 2025 година, но по една сезона, раскината е соработката со него.
„Барселона сака јавно да му се заблагодари на Гримау на професионализмот и посветеноста на чело на тимот и да му соопшти дека Палау Блауграна секогаш ќе биде негов дом. Тој заминува по 84 натпревари, со скор од 53 победи и 31 пораз во сите натпреварувања“, пишува во соопштението од Барселона.
Се чини дека се е подготвено за враќањето на Чави Пасквал кој беше тренер на Барселона од 2008 до 2016 година и во тој период освои четири титули во шпанското првенство и една во Евролигата.