
Барселона бара да му се одземат титулите на Реал Мадрид
Доколку судот потврди дека Американецот имал лажни документи, Барселона ќе бара на Реал да му се одземат титулите во шпанската лига и Куп за таа година.
Случајот беше отворен во суд во Мадрид, а Американецот Слејтер е обвинет дека на недозволен начин добил пасош на неколку дена пред почетокот на шпанскиот Куп.
„Ќе бараме да му се одземат титулите на Реал Мадрид“, кажа адвокатот на Барселона, Жорди Пина.