Лапорта сакал да активира „трансфер-бомба“: Направив сè, но не успеав!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри дека минатото лето неговиот тим се обидел да го купи Лаутаро Мартинез од Интер, меѓутоа обидот бил неуспешен.

Барселона бараше замена за полскиот напаѓач Роберт Левандовски, а на крајот во екипата стигна Габриел Жесус, иако каталонскиот тим имаше и други опции.

Една од желбите беше и Хулијан Алварез, но Атлетико не го пушти да замине, па затоа Лапорта разговарал со челниците на Интер, но останал со празни раце.

„Се обидов да го донесам Мартинез во август. Тој е врвен напаѓач, го сакавме во Барселона. Направив сè, но не успеав. Му се јавив на Марота, но тој ми кажа дека нема шанси да го продадат“, кажа Лапорта.