Барса погоди 16 тројки и го згази Панатинаикос во Атина

По дебаклот од Хапоел во првото коло, веројатно малкумина очекуваа дека Барселона ќе пружи отпор во Атина, на гостувањето кај Панатиникос.

Тоа не само што се случи, туку „каталонците“ се враќаат дома со исклучително важна победа (103-96), но во последната четвртина впдеше и сп 16 поени разлика, а сето ова благодарение на одличниот шут од дистанца. Кошаркарите на Барселона погодија 16 тројки од 34 обиди, имаа и 18 офанзивни скока и со сето тоа успеаја да го совладаат фаворизираниот противник.

Клајбурн одигра одличен натпревар, не само поради 23. постигнати поени, туку и затоа што погоди две тројки во клучните моменти, кога ПАО се закани со пресврт. На грчкиот тим не му помогна ни одличниот Хуанчо Ернангомес кој оствари рекорд на кариерата со 27 поени и индекс 39.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс очигледно уште се бара во тимот на Панатинаикос и за 11 минути во игра постигна само четири поени.