Барцокас избран за тренер на годината во Евролигата

Тренерот на кошаркарите на Олимпијакос, Јоргос Барцокас е прогласен за најдобар тренер во актуелната сезона во Евролигата, пред стратегот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, кој беше втор според бројот на гласови.

Грчкиот тренер вторпат по ред ја добива престижната награда, откако со екипата од Атина го освои првото место во регуларниот дел во елитното кошаркарско натпреварување.

Олимпијакос на Ф4-турнирот во петок од 17 часот ќе игра против Монако, додека во второто полуфинале ќе се соочат Барселона и Реал Мадрид.