Аврамовиќ со титулата од ВТБ лигата се сели во Дубаи

Плејмејкерот на српската репрезентација Алекса Аврамовиќ по една сезона пауза, се враќа во Евролигата.

Тој дефинитивно ја напушта ЦСКА Москва со која синоќа триумфираше во ВТБ лигата, а самиот објави каде ќе ја продолжи играчката кариера.

„Веќе потпишав договор со Дубаи за идната сезона. Тешко ми е, неколку недели размислував за понудата од Дубаи и заедно со менаџментот на ЦСКА, одлучив да ја прифатам. Сакам да им порачам на навивачите на ЦСКА дека и покрај тоа што екипата не игра во Евролигата, има одлични кошаркари“, изјави Аврамовиќ.

Дубаи идната сезона ќе дебитира во елитното кошаркарско натпреварување и веќе почна со составувањето на тимот со кој ќе се обиде веднаш да остави силен впечаток.