Алба го наполни кошот на Ц. Звезда, Реал Мадрид го декласираше Фенербахче

Алба Берлин го распарчи тимот на Црвена Звезда со 81-58 во борбата за подобар пласман на табелата во Евролигата, додека Реал Мадрид беше одличен на гостувањето во Истанбул и го реши Фенербахче со 93-67.

Српскиот тим издржа во првата четвртина против Алба и имаше негатива од 22-24, но потоа следеше потоп, кога германската екипа избега на убедливи 49-30. Ц. Звезда се обиде да се врати во мечот, но едноставно не успеа и на крајот мораше да го прифати големиот пораз од 58-81. Најдобар во тимот на Алба беше Пејтон Сива со 17 поени, додека кај гостите Марко Симоновиќ постигна 12 поени.

Реал Мадрид беше неверојатен на гостувањето кај Фенербахче и отвори со 23-11 на стартот на мечот, по што на полувреме замина со 49-36. Турскиот гигант намали на осум негатива (50-58) на средината на третата четвртина, но потоа „кралевите“ влегоа во одличен ритам и триумфираа со 93-67. Најефикасен кај турскиот клуб беше Нандо Де Коло со 23 поени, додека Фабиен Каузер даде 20 за шпанската екипа.

На останатите натпревари ЦСКА Москва го победи Лион со 88-70, додека Жалгирис беше поуспешен од Панатинаикос со 93-78.