За луѓето од КФМ сите други се виновни за хаосот со навивачите, само тие се – чисти како солза!

Последни во низата со соопштение поврзано со недозволување присуство на навивачките групи на Работнички и МЗТ Скопје на денешниот полуфинален меч од Купот на Македонија во Битола се јавија челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), кои ги искараа буквално сите, а вината за хаосот го најдоа во сите други, само не во себе.

Предводниците на македонската кошарка се дрзнаа да пишуваат за „тенденциозното известување на одредени медиумски куќи“, за потоа уште еднаш да удрат по сите изразувајќи „жалење што името на КФМ повторно тенденциозно се валка од поединци, претставници на одредени медиуми и групи кои се обидуваат топката, односно вината, да ја префрлат на нивна страна“. Првите луѓе во Куќата на кошарката според напишаното делуваат како „паднати од Марс“, дистанцирајќи се од се што се случува во Битола иако завршницата на Купот е еден од најзначајните настани во годината, само поради тоа што на хартија не било напишано дека тие се организатори.

Целото соопштение на КФМ може да го прочитате ТУКА.