Вардар се намачи против талентите на МЗТ Скопје во дербито на дното!

Со одличната игра во последната четвртина, екипата на Вардар потешко од очекуваното славеше над талентите на МЗТ Скопје УНИ БАНКА со 82-77, во дербито на дното од табелата во Суперлигата.

Младите „штркчиња“ одлично го стартуваа натпреварот и по три минути игра дојдоа до предност од 9-2, но во продолжението од првата четвртина домаќинот успеа да ги консолидира своите редови, па ја доби четвртината со 16-15. Во вториот период Вардар одигра подобро, пред се во одбраната и на пауза замина со предност од 36-31. Сепак, гостите одиграа одлично во третиот дел кој го добија со одлични 28-19, покажувајќи дека не сличајно се дел од елитата. Но, искуството си го направи своето, па со 27-18 во последната четвртина, домаќинот дојде до втората победа сезонава. За разлика од нив МЗТ Скопје УНИ БАНКА останува закован на дното од табелата, без ниту еден триумф.

Фото: МКФ