Тренерот на Феникс збесна - викаше на англиско-македонски: Фак ју ол, направете бе блок (ВИДЕО)
Ваквиот однос на силите донесе нервоза во таборот на гостите, што најдобро можеше да се види на еден од тајмаутите во втората четвртина. Тренерот Денис Дервишевиќ во обид да ги „разбуди“ своите играчи почна да им вика на англиско-македонски јазик, со цел да „допре“ и до домашните и до странците.
„Фак ју ол! Направете бе блок, мејк ап скрин“, беше мешавината зборови на тренерот на Феникс.
Со ова тој делумно потсети и на еден легендарен тајмаут на Жељко Обрадовиќ од времето кога беше тренер на Фенербахче, кога урлаше на сите, а првенствено кон италијанскиот репрезентативец во тоа време.
„Фак ју еврибади. Фак ју Џиџи Датоме“, викаше легендарниот тренер.
Работнички во пресрет на ова коло беше шести на табелата со скор 4-3, додека Феникс е деветти со учинок 2-5.