Спектакл за многу пари: Џошуа и Пол ќе заработат вистинско богатство

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа на 19 декември во Флорида ќе ги вкрсти ракавиците со јутјуберот Џејк Пол во борба која на двајцата ќе им донесе и многу пари.

Имено, „Дејли Мејл“ пишува дека вкупната заработка од борбата која ќе се емитува на „Нетфликс“ ќе изнесува 184 милиони евра, а двајцата борци ќе добијат по 92 милиони долари.

Иако, ќе заработи вистинско богатство, Џошуа тврди дека финансискиот дел воопшто не бил пресуден да ја прифати боррбата. Ќе станува збор за борба по професионални правила со осум рунди по три минути.

„Ова е одлична прилика повторно да се борам, иако сакав да земам пауза од 12 месеци по поразот од Дубоа, почувствував дека е вистинско време даа е вратам“, истакна Џошуа.