Вардар со цел плен се враќа од Струмица - победа над Брера! (ВИДЕО)
Вардар нападна од првата минута, Брера со сите сили се бранеше и тоа им успеваше иако гостите создадоа неколку шанси.
Во 27. минута Спахиу промаши неверојатна можност. Фудбалерот на Вардар се најде во идеална шанса, немаше никој пред него, но не го погоди голот.
Резултатот беше отворен по осум минути игра во вториот дел кога по една убава акција Талевски реализираше за водство на Вардар од 1-0.
Конечните 2-0 беа поставени во 71. минута кога Луковиќ направи неверојатен кикс, буквално му ја додаде топката на Тодоровски кој лесно реализираше и стави точка на натпреварот.
Со овие три бода Вардар се одлепи на табелата со четири бода повеќе од Струга и шест од Шкендија, но тие допрва треба да ги играат своите натпревари.