Челси со победа против Барнли се загреа за големото дерби (ВИДЕО)

Екипата на Чели ја оправда фаворитската улога и во денешниот натпревар од 12. коло во Премиер лигата славеше победа на гости кај Барнли со 2-0.

Беше Челси подобар противник во најголем дел од натпреварот, но Барнли добро се бранеше. Одбраната на домаќините попушти во 37-та минута кога во листата на стрелци се запиша Педро Нето, тоа беше и единствениот погодок во првиот дел.

Во второто полувреме сликата не се промени премногу, Челси продолжи да биде подобар тим, а точка на натпреварот стави Енцо Фернандез со голот во 88. минута.

За „сините“ ова се важни три бода преед големото дерби со Арсенал во наредното коло кое го играат на свој терен.