Катастрофален кикс на Луковиќ - му подари гол на Вардар! (ВИДЕО)

Во 71. минута од натпреварот Вардар доби подарок гол за водство од 2-0 во Струмица против Брера.

Дефанзивецот на домашниот тим, Луковиќ сакаше да додаде до своите соиграчи, но наместо тоа му ја подари топката на Тодоровски кој реализираше лесно и ја дуплираше предноста на црвено-црните.