Гол-шоу на Каљари и Џенова, Болоња сигурна против Удинезе (ВИДЕО)
Возбудувањата беа најавени по само 18 минути игра кога во листата на стрелци се запиша Витиња, додека за израмнување се погрижи Борели по пловина час игра. Остигард во 41- минута го врати водството на Џенова, но и тука не беше крајот на возбудувањата во првиот дел. Еспизито две минути подоцна донесе ново израмнување.
Во второто полувреме по еден час игра успеа Каљари и првпат да поведе во натпреварот со голот на Борел. Водството на домашниот состав беше актуелно се до 60. минута кога Мартин ги постави конечните 3-3.
Вториот натпревар во истиот термин донесе далеку помалку неизвесност и во него Болоња на го совлада Удинезе со 3-0.