Тиквеш го скрши Гостивар за четврт триумф во Супер лигата

Кошаркарите на Тиквеш вечерва го надиграа Гостиварсо 81-73 за четврта победа во македонската Супер лига.

Гостивар беше подобар во првата четвртина и ја доби со 23-21, по што продолжи големата борба во вторите 10 минути, каде што гостите ја задржаа предност од два поени (44-42).

Тиквеш се соочи со криза во нападот во третата четвртина и постигна само 13 поени, а тоа му овозможи на Гостивар да поведе со 61-55.

Кавадарчани, сепак, се разиграа во последните 10 минути и го скршија отпорот на Гостивар за триумф од 81-73.

Најефикасен во победничкиот тим беше Стефан Глигоријевиќ со 23 поени, додека Јован Црниќ постигна 25 поени за Гостивар.