ТФТ го декласира Работнички за втор триумф во лигата (ФОТО)

Кошаркарите на ТФТ Скопје беа пресилни за Работнички (83-63) во второто коло од македонската кошаркарска лига.

Екипата од Тафталиџе влезе одлично во натпреварот и по првите 10 минути имаше предност од 24-13, додека до полувреме тимот од Центар успеа да намали на 36-42.

Голема борба се водеше и во третата четвртина, додека во финишот од натпреварот ТФТ продолжи со доминацијата и славеше со 83-63.

Гордон беше најефикасен кај ТФТ со 22 поени, додека Ефремовски запиша 25 поени за Работнички.