
Радуловиќ: Целото куп-финале се сведе на една топка!
Пелистер играше добро во текот на целиот натпревар, а мечот беше решен во самата завршница, а Радуловиќ кажа дека жали затоа што не се закитиле со титулата.
„Му честитам на МЗТ за победата, но мислам дека во текот на целиот натпревар имавме контрола врз играта и бевме подобар тим. Во вториот дел следеше пад, но се играше на мал број поени. На крајот целото куп-финале се сведе на една топка, во напад во кој се договоривме да правиме лична грешка и не знам како не успеавме во намерата. Претпоставувам дека тоа ќе ни обезбедеше продолжение и можеби различен епилог од натпреварот“, кажа Радуловиќ.