Работнички се засили со репрезентативец кој летово раскина со МЗТ!

Македонскиот репрезентативец, Љубомир Младеновски, е нов член на Работнички, и покрај тоа што центарот инсистираше за за трансфер во странство. 

Ова за Младеновски е враќање во својот дом по пауза од шест години, откако беше дел од Работнички во сезоната 2002-2003. После тоа играше за МЗТ и Илирија, а минатата сезона ја мина во шампионскиот тим од Аеродром.

Во овој потег, Работнички се засили на центарската позиција, а своето деби се очекува да го има во второто коло од ПМКЛ, каде Работнички во недела на домашен терен ќе го пречека Гостивар.