Работнички добро се испоти за победа во воведниот меч од серијата со Феникс!

Работнички со 84-80 го победи Феникс и поведе со 1-0 во четвртфиналната серија од плеј-офот во најдобрата македонска кошаркарска лига.

На Работнички не му беше лесно иако по првиот дел се чинеше дека ќе немаат големи проблеми за да дојдат до триумф. Центарци на одморот имаа предност од 49-37, но работите се променија во вториот дел.

Во третата четвртина се случи пад на Работнички кој во тие десет минути постигна само 13 поени, а прими 22. На почетокот од последниот период Феникс дојде до само еден негатива, но не успеа да го сврти резултатот. Домаќинот успеа да го сочува водството и на крајот да победи со 84-80.

Трис со 18 поени беше најефикасен во составот на Работнички, Рикиќ постигна 14 поени, во тимот на Феникс Џоунс реализираше 14 поени.

Со оваа победа Работнички поведе со 1-0, на следниот натпревар исто така се домаќини. Четвртфиналната серија се игра во три добиени меча.