Работнички се засили со српски џин кој играл во Иран, Бахреин, Тунис...

Екипата на Работнички продолжува да се засилува во странскиот дел од тимот, откако денеска е официјализиран трансферот на српски интернационалец Милош Мацура (31 год, 211 см).

Станува збор за искусен центар, со богато интернационална кариера, во која играл и за екипи од егзотични земји како Бахреин, Иран и Тунис. Минатата сезона ја почнав во дресот на чешка УСК Праха, а ја довршил во Раднички Крагуевац. Кариерата ја почнал во САД, во Тревека универзитетот од Втората дивизија во НЦАА-лигата, а има настапувано уште и за шпанска Гвадалахара, Младост Земун и романска Баиа Маре.

Центарци, претходно, ја потврдија соработката со францускиот кошаркар Луизер, Босанецот Мустафица и Американецот Џексон Емерсон Пол.