Петровиќ: Трофејот им го посветувам на прерано заминати Цевка, Маки и Анте!
Тој по средбата даде емотивна изјава, потсетувајќи се на своите прерано заминати пријатели и кошаркарски легенди како Марјан Лазовски, Анте Дуковски и Драган Василов-Цевка, чие име вече втора година го носи овој трофеј.
„Победивме заслужено. ТФТ се обидуваше да се врати, но имавме контрола врз играта и резултато за време на целиот меч. Ова беше убав меч за гледање, со многу поени на двете страни. Сакам победата да ја посветам на Анте Дуковски, Марјан Лазаовски и на Драган Василов, сите мои блиски пријатели кои прерано си заминаа“, изјави Петровиќ.