Пелистер се засили со македонски репрезентативец од Гостивар!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Маслинко, е нов член на битолски Пелистер, откако во зимската пауза во првенството реши да го напушти тимот на Гостивар, за кој настапуваше во првиот дел од Првата лига.

Ова е значајно засилување за битолчани пред продолжението на шампионатот и тоа од директниот конкурент за највисок пласман, односно екипа што е пред нив на табелата. Двата тима првата фаза ја завршија со скор 8-3, но Гостивар се пласира на второто место зад МЗТ Скопје (10-1) поради триумфот во меѓусебниот меч во зелено-белите.

Пелистер е петти македонски клуб во кариерата за Маслинко, по настапот за Работнички, МЗТ, ТФТ и Гостивар.