Кошаркарите на Пелистер ја заокружија „големата четворка“ во макбаскетот, барем што се однесува до трката по трофејот во Купот на Македонија, откако во вечерашното последно четврт-финале убедливо го совладаа тимот на Феникс (81-70).

Организаторот на годинешната завршница покажа сила и моќ, со оглед што во поголем дел од средбата ја имаа контролата врз играта и резултатот. Скопјани само во првите неколку минути беа доминантни на паркетот, кога обезбедија водство 14-6, по што следуваше серија 17-2 на домаќинот за целосен резултатски пресврт (23-16), кој потоа им овозможи помирна игра до крајот на средбата. Ова беше само најава на крајниот епилог, кој беше потврден во втората половина од третиот период, кога битолчани со нова серија , овој пат изразена со 13-2 дојдоа до огромни плус 15 (58-43), кои им донесоа мирен финиш.

Зелено-белите имаа повеќе солидна поддршка од трибините, каде што можеби не беше преполно како на ракометните пресметки од ЛШ, но две третини од столчињата беа пополнето, што е и тоа како одлична посета за кошаркарски меч во овој град. Пелистер со овој триумф продолжи да го живее сонот за прв трофеј, со оглед што досега има две вицешампионски пласмани, како и едно финале во Купот.

Андреј Магдевски со 17 поени беше најефикасен кај составот од Битола, додека Андреј Маслинко додаде 14 поени со осум скока. Самаје Џонс со 20 поени беше најпрецизен кај Феникс.

Пелистер утре ќе го одигра вториот полуфинален меч, а противник е му биде Еуро Никел (19.30 часот).