Пелистер и МЗТ се испотија повеќе од планираното против екипи што се борат за опстанок!

Екипите на Пелистер и на МЗТ Скопје очекувано дојдоа до победи во последните два меча од претпоследното прволигашко коло против Академија ФМП (98-89) односно Вардар (86-78), во кои влегоа во напорните дуели на турнирот од АБА2 во Широки брег.

„Академците“ од Скопје едно полувреме го мачеше фаворитот, кој со девет поени во низа на стартот од второто полувреме дојдоа до максималните дотогаш плус седум (56-49) и го најавија крајниот епилог. Андреј Маслинко ја одигра најдобрата партија сезонава со 31 поен и четири скока, додека Американецот Џастин Робертс имаше идентичен учинок кај ФМП.

Аеродромци, пак, уште подолго се мачеа да го скршат отпорот на црвено-црните, кои три четвртини му задаваа маки на фаворитот, кој, сепак, на крајот уфрли во „четврта“ брзина и дојдоа до посакуваните бодови. Ејасу Ворку и Харис Делалиќ со 16 поени беа најпрецизни кај „металците“, додека Хусеин Бајрам со 29 поени беше најдобар кај Вардар.

МЗТ Скопје со овие два бода дојдоа на чекор до првата стартна позиција пред плејофот, додека за Пелистер тоа важи за третото место на табелата.

ТАБЕЛА: МЗТ 17-4, Работнички 17-4, Пелистер 15-6, Чаир 14-7, ТФТ 14-7, Еуро Никел 13-8, Феникс 11-10, Гостивар 8-13, Кожув 5-16, ГКК Охрид 5-16, Академија ФМП 4-17, Вардар 3-18.